Top Sport

Тим на сезоната во Премиер лигата, во него е и Погба

Фудбалерите го избраа тимот на сезоната во Премиер лигата. Тимот е составен од играчи на Манчестер сити и Ливерпул, а репрезента на остатокот од лигата е Пол Погба. Ова е прв избор уште од 1988 година во кој нема ниту еден играч од лондонските тимови.

Здружението на професионални фудбалери ги избра најдобрите 11, во формација 4-3-3. Во тимот има шестмина од Манчестер сити, четворица од Ливерпул и играчот чии избор предизвика полемики во Англија, Пол Погба.

На голот на овој тим стои Едерсон од Манчестер сити, во одбраната се тројца играчи на Ливерпул: Трент Александер-Арнолд, Вирџил Ван Дајк и Енди Робертсон, односно играчот на Манчестер сити Емерик Лапорт.

Редот за врска е од Манчестер, Фернандињо и Бернанрдо Силва од Сити, односно Пол Погба од Јунајтед.

Тројката во нападот е Рахим Стерлинг (Сити), Садио Мане (Ливерпул) и Серхио Агуеро (Сити).

За многумина е изненадување како во тимот нема место за Кристијан Ериксен од Тотенхем или пак за Еден Азар од Челси.

Инаку, Здружението на професионални фудбалери, в сабота ќе објави и кој е добитникот на престижната награда „Игра на сезоната во Премиер лигата“.

Се шпекулира дека наградата ќе ја добие Вирџил ван Дајк од Ливерпул. Конкуренти на Холанѓанецот му се Рахим Стерлинг, Еден Азар, Серхио Агуеро, Бернардо Силва и Садио Мане.

Scroll to Top