Top Sport

Во Рома ја стокмиле понудата за Конте

Фудбалскиот клуб Рома зад себе има сезона полна со променливи резултати, цехот веќе го платија тренерот Еузебио Ди Франческо и спортскиот директор Мончи. Иако играта и резултатите не се на ниво, Рома се уште има шанси да стигне до четвртата позиција и место во Лигата на шампионите.

Јасно е дека о летниот преоден рок ќе има големи промени во клубот, во ростерот и на тренерската позиција.

Клаудио Раниери е преодно решение, а клубот на неговата позиција го сака Антонио Конте. Поранешниот италијански селектор не работеше оваа сезона, откако во јули минатата година доби отказ во Челси, а потоа водеше судски спор со „сините“.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Рома на Конте му понудиле 9,5 милиони евра годишна плата. Понудената плата е помала од онаа што Конте ја заработуваше во Челси (11 милиони), но во клубот се сигурни дека тренерот ќе ги прифати понудените услови.

Кога станува збор за ростерот, Рома ќе ги продаде двајцата најскапи фудбалери, Един Џеко и Хавиер Паторе, а многу веројатно е дека ќе замине и светскиот првак со Франција Стивен Нзонзи.

„Газета“ пишува дека Џанлука Петрачи ќе биде новиот спортски директор. На оваа позиција тој ќе дојде од екипата на Торино.

Scroll to Top