Новиот преоден рок носи и ново продолжение на сагата „Фелипе Кутињо во Барселона“. Каталонскиот гигант по секоја цена го сака Бразилецот, во целата приказна ја вклучи и компанијата „Најки“, а Кутињо не се појави во првиот меч на Ливерпул во 2018 година против Барнли, наводно имал полесна повреда.
Слична беше ситуацијата и во летниот преоден рок кога Кутињо побара трансфер,а Ливерпул ги одби сите понуди на Барселона. Поради тоа играчот пропушти неколу натпревари на почетокот на сезоната, наводно поради повреда, која не го спречи да игра за бразилската репрезентација.
Англиските медиуми пренесуваат дека Кутињо повторно побарал трансфер, дека не сака да игра, односно дека целата ситуација наликува на штрајк.
Легендата на англискиот фудбал Гери Линекер, кој нема „влакна на јазикот“ се огласи на Твитер по повод повредата на Кутињо.
„Дали има клаузула во договорот во која пишува дека нема да игра кога преодниот рок е отворен?“.
With a clause in the contract saying he doesn’t play when the transfer window is open. https://t.co/6QreUJggcp
— Gary Lineker (@GaryLineker) January 2, 2018
Наводно Барселона за Бразилецот нуди 11 милиони евра во кеш и дополнителни 40 милиони низ разни бонуси, но она што го сакаат на „Енфилд“ е повеќе кеш.