Хуан Квадрадо го постигна вториот гол од корнер во Серија А овој викенд (по вчерашниот на Хакан Чалханоглу против Рома), за да ги предводи Јувентус до неубедлива, но важна 2:0 победа над Џенова, за која нашиот Горан Пандев ги одигра последните триесет минути од мечот.
@Cuadrado : Que señor golazo ! pic.twitter.com/DZQuCWS4Pn
— Carlos Jaramillo (@cjaramillo29) December 5, 2021
Квадрадо уште во деветтата минута од мечот ја направи својата мајсторија за рано водство на „бјанконерите“, кои потоа беше удвоено од Пауло Дибала во 82. минута, за Јуве да сврзе две победи во низа против послаби противници (во текот на неделата беа подобри од Салернитана) и се искачат на петтото место на табелата со 27 поени, седум зад Аталанта на четвртото место и израмнети со Фиорентина на шестото место.
За Џенова, пак, под водство на Андриј Шевченко ова е втор пораз во низа по разочарувањето против Милан, за да останат на 18. место со само 10 поени, два под безбедната зона.