Top Sport

Кваљарела „растура“ на 36 години – сега е израмнет со Роналдо! (видео)

Фабио Кваљарела се израмни со Кристијано Роналдо на 19 голови како најдобар стрелец во италијанската Серија А, откако ги постигна двата гола за 2:0 победа на Сампдорија на гости кај СПАЛ.

36-годишниот Кваљарела игра во неверојатна форма оваа сезона, по што доби повик и за во италијанската репрезентација, а против СПАЛ тоа го покажа во седум минути на стартот на мечот – постигнувајќи голови во 4. и во 11. минута.

Кваљарела е само вториот фудбалер во историјата на клубот од Џенова кој постигнал барем 19 голови во две сезони едноподруго, бидејќи единствениот пред него беше Винченцо Монтела во 1996/97 и 1997/98.

СЕРИЈА А, 26. КОЛО

Торино – Киево 3:0

Џенова – Фрозиноне 0:0

СПАЛ – Сампдорија 1:2

Удинезе – Болоња 2:1

Фото: ЕПА

Scroll to Top