Top Sport

Кваљарела се спаси, 10 години добивал смртни закани

Легендарниот италијански фудбалер, Фабио Кваљарела поминал низ вистински пекол во изминативе 10 години
Роден е во близина на Неапол, па од мали нозе бил жесток навивач на Наполи. Целиот живот сакал да го облече дресот на омилениот клуб, а желбата му се исполнила во 2009 година.

Сепак, по само една сезона, од непознати причини тој си заминал од клубот и отишол во редовите на најголемиот ривал – Јувентус. Тоа навивачите на клубот го сметале за предавство, па со години тој бил омразен лик во градот
Јавноста не знаела зошто го напуштил Наепол и отишол во Торино.

Кваљарела додека бил во „градот под Везув“ секојдневно добивал смртни закани за себе и за своето семејство. Тогаш анонимно стигнал допис до него, да го напушти градот или во спротивно ќе биде убиено целото негово семејство.

Целата вистина фудбалерот ја раскажал пред 3 години, јавно, пред телевизиски камери. Ова ги шокирало сите, посебно навивачите на Наполи.

Веќе на следното негово фудбалско гостување во Неапол, му бил приреден срдечен пречек.

Работата да биде уште покомплицирана, неодамна било откриено дека Кваљарела цело време бил следен од полицискиот инспектор, извесен Рафаеле Пиколо кој бил задолжен за неговиот случај. Се испоставило дека Пиколо стоел зад се, па фудбалерот поднел тужба против него.

Судот во Неапол вчера донел пресуда и го осуди Пиколо на 4.5 години затвор, по што Кваљарела конечно може нормално да живее.

Scroll to Top