Top Sport

Јувентус загуби два бода кај Лече поради „ракометарот“ Де Лихт (видео)

Во првиот натпревар од 9. коло во Серија А, предмалку Лече и Јувентус ремизираа 1-1.

Натпреварот во кој „Старата дама“ загуби 2 планирани бода во одбраната на титулата го одбележаа две гола постигнати од белата точка.

Во првото полувреме Лече имаше многу дупки во одбраната, па една таква искористи Јуве. Во 15 минута Алекс Сандро биеше од левата страна, до топката во петерецот на Лече стигна Игуаин и ја смести во мрежата. Сепак радоста кратко траеше.

По асистенција на ВАР, голот беше поништен, Аргентинецот се наоѓал во офсајд позиција.

По 0-0 на полувреме, во вториот дел Јувентус тргна интензивно да го отвори резултатот. Миралем Пјаниќ биеше од 16 метри кон противничкиот гол, а врз него стартуваше Петричоне. Иако судија на мечот најпрво покажа слободен удар од 16 метри, по ВАР сугестија беше покажан удар од белата точка за Јувентус. Сигурен реализатор беше Дибала во 51 минута за водство од 1-0.

Не поминаа ниту 5 минути, а судијата покажа уште еден пенал. Овојпат во корист на домаќините. Холандскиот дефанзивец, Матијс де Лихт се чини има проблем да ги држи рацете до телото кога е во сопствениот шеснаесетник (тоа се покажа и на дуелот со Интер кога не беше свирен пенал за „нероазурите“. Овојпат без размислување судијата покажа на белата точка.

Сигурен реализатор кај Лече беше Марко Манкосу за 1-1.

До крајот на мечот „Старата дама“ напаѓаѓе, но до промена на резултатот не дојде,

И понатаму Јуве останува на врвот на Серија А со 23 бода, но може да го загрози Интер кој од 18 часот го игра дуелот со Парма. Со победа, екипата на Конте ќе избие на врвот со 24 бода.

Scroll to Top