Top Sport

„Кварадона“ добива трипати поголема плата и нов договор со Наполи

Крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацкелија би требало да го продолжи договорот со актуелниот шампион на Италија до 2028 година. Веста сигурно ќе ги израдува навивачите на Наполи, кои се надеваат дека Грузиецот ќе остане што подолго во клубот на кој му помогна да го освои шампионатот кој се чекаше цели 33 години.

„Кварадона“, како што го нарекуват Грузиецот од милост во Неапол, пристигна минатото лето за 11,5 милиони евра од Динамо Батуми. Зад себе има една од најдобрите дебитантски сезони во најдобрите пет лиги во Европа.

Според актуелниот договор, младиот Грузиец заработува околу 1,2 милиони евра по сезона, а неговата плата во новиот договор би требало да биде околу 3 милиони евра.

На 43 настапи, Кварацкелија постигна 14 гола и забележа 17 асистенции и беше еден од клучните фудбалери за освојување на титулата.

Scroll to Top