Top Sport

Фенербахче го претстави Един Џеко

Босанскиот голгетер Един Џеко е нов фудбалер на Фенербахче. Тој го напушти италијанскиот клуб Интер и како слободен фудбалер му се приклучи на гигантот од Истанбул.

Напаѓачот ќе го носи дресот со број „9“.

„Среќен сум што ќе бидам дел од еден од најголемите турски клубови и можам да им ветам на фановите дека ќе го дадам максимумот на сите натпревари“, изјави Един Џеко.

Тој во кариерата играше за Железничар, Волфсбург, Манчестер Сити, Рома и за Интер.

Scroll to Top