Фудбалскиот клуб Наполи ќе го продолжи договорот со напаѓачот Квича Кварацкелија до 2028 година, пренесува „Газета дело Спорт“.
Грузиецот за само неколку месеци од пристигнувањето во Неапол го привлече вниманието на богатите клубови. Тој е еден од најзаслужните играчи за брилијантните резултати што го постигнува клубот од почетокот на сезоната.
Свесни дека богатите се интересираат за Квича, челниците на Наполи решиле дупло да му ја зголемат платата. Според „Газета дело Спорт“, во блиска иднина Грузиецот ќе го продолжи договорот.
Според овој извор, Квича ќе има годишна плата од 2.400.000 евра.