Top Sport

Мендилибар: Историјата е тука, но таа нема да ни донесе титули

Севилја немаа најдобар старт на 2022/23, откако повеќе од половина сезона „флертуваа“ со испаѓање од шпанската елита, за потоа уште еднаш да покажат дека се „специјалисти“ за Лига Европа, пласирајќи се во уште едно финале, до кое стигнаа со импресивна елиминација на Манчестер јунајтед и Јувентус.

Тренерот Хозе Луис Мендилибар, кој пристигна во сред сезона, вели дека ја признава историјата на клубот во Лига Европа, но дека на крајот тоа нема да значи ништо на теренот на „Пушкаш“ арената во Будимпешта.

„Историјата е тука и таа никогаш не лаже. Клубот во ова натпреварување е најдобриот. Кога пристигнав во Севилја стана јасно дека фановите не се задоволни од опстанок и дека Еврорпа е главната цел. Утре играме против тежок ривал, но можеме да победиме. Историјата како искуство е добра работа, но ова е само фудбалски меч. Ова е моето прво финале, но не и за моите играчи, како и за играчите и тренерот на Рома. Ни треба добар меч. Се согласувам со Мурињо дека историјата не победува во финалиња, а би додал дека ниту комплиментите“, вели Мендилибар.

Scroll to Top