Францускиот спортски весник „Л’Екип“ беше брутален во оценката на италијанскиот голман на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума, давајќи му оценка 2/10 за вчерашниот пораз и нарекувајќи го „гробарот на ПСЖ“.
Грешката на 23-годишниот голман во средината на второто полувреме дозволи Карим Бензема да израмни на 1:1, и иако во францускиот клуб се жалеа дека тоа бил фаул, коментарот на „Л’Екип“ беше безмилосен.
„Во ноќта во која беше крунисан за прв голман пред Кејлор Навас, Донарума стана гробарот на ПСЖ“, се вели во коментарот.
Donnarumma “becchino del Psg”: l’Equipe gli dà 2 in pagella #RealPsg https://t.co/STLMZzJwe6
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) March 10, 2022