Францускиот спортски весник „Л’Екип“ има препознатливо строг систем на оценки за фудбалските мечеви, но и дури под овој стриктен систем, ниту еден тренер пред Кике Сетиен не добил оценка „кец“.
Барселона вчера загубија во неверојатен меч со 8:2 од Баерн Минхен и оценувачите на „Л’Екип“ не беа нежни.
Покрај „кецот“ за Сетиен, пет фудбалери на Барселона завршија со оценка 2/10 – Жерард Пике, Нелсон Семедо, Серхио Бускетс, Френки де Јонг и Артуро Видал. Марк-Андре Тер Штеген, Клемен Ленгле, Жорди Алба, Серхи Роберто и Лионел Меси добија по „тројки“, а најдобро беше оцвенет Луис Суарез со четири.
Од другата страна, Томас Милер доби највисока оценка – деветка, а осумки отидоа кај Серж Гнабри, Иван Перишиќ, Ентони Дејвис и Џошуа Кимих, додека иста оценка доби и тренерот Ханси Флик.