Александар Катаи би можел ова лето да се врати во редовите на Црвена звезда, објавија српските медиуми.
Катаи, поради сопругата, неколку дена беше тема во американските медиуми. Тој поради расистичките коментари што ги остави неговата сопруга Теа на социјалните мрежи, доби отказ во Лос Анџелес Галакси. За овој тим тој одигра само два натпревари по трансферот од Чикаго каде што играше две сезони. Претходно тој во периодот од 2016 до 2018 година го носеше дресот на Алавес.
Катаи беше еден од најдобрите играчи на Црвена звезда од 2014 до 2016 година. Поради тоа неговиот поранешен клуб е заинтересиран да го врати во своите редови. Прашање е само колкава плата ќе може да му понуди српскиот шампион, ако се знае дека тој во САД годишни заработуваше нешто преку милион долари.
Според медиумите во Србија бидејќи Катаи е слободен играч, Црвена звезда може да му понуди годишна плата од 650.000 евра колку што има најплатениот играч во тимот Ел Фарду Бен.
Галакси го отпуштија Катаи по расистичките коментари на неговата сопруга