Top Sport

Роналдо не ги преселува автомобилите, ги носи на редовен сервис?

Италијанските медиуми се преокупирани со одлуката на Кристијано Роналдо да ги „пресели“ своите луксузни автомобили од Торино, но според локалните медиуми причината не е можното заминување од Јувентус, туку редовен сервис во Германија пред летните месеци.

Видеото на кое супер-автомобилите на Роналдо се „товарат“ на камиони од компанијата „Родо Карго“, позната карго-компанија од Лисабон, според многумина беше доказ дека тој веќе решил дека ќе замине од Италија.

Меѓутоа според „Ла газета дело спорт“, ова е вообичаена процедура на Роналдо – тој вообичаено ги сели автомобилите пред летниот одмор, а тоа не можел да го направи лани поради пандемијата на КОВИД-19.  „Кориере Торино“ пак тврди дека сите автомобили ќе одат во Германија на проверка и редовен сервис.

Роналдо ги „исели“ луксузните автомобили од Торино

Scroll to Top