Барселона доби казна од 1.500 евра и предупредување за затварање на „Ноу Камп“ од комисијата за натпреварување на Ла лига поради случувањата при дуелот со Реал Мадрид во средата.
Судијата Алехандро Ернандез Ернандез мораше неколку пати да го прекине мечот поради пуштањето на голем број на балони и топки на теренот во второто полувреме, по што Ла лига утврди дека каталонскиот клуб е виновен за сериозни прекршувања на мирот на мечот.
Фрлањето на жолтите топки во 55. минута од мечот беа дел од протестот околу затворските казни на каталонските лидери околу референдумот за независност. Мечот, инаку, требаше да се оддржи на 26 октомври, но беше одложен поради протестите во Барселона по затварањето на политичарите, во кои беа повредени 42 луѓе.