Првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас рекол дека е можно не само шпанското туку и националните првенства во цела Европа да продолжат кон средината на мај. Фудбалската сезона е суспендирана поради коронавирусот. Опасниот вирус го одложи Европското првенство за наредната година.
„Кон средината на мај би можеле да продолжиме со натпреварите. Во цела европа. Сепак се ќе зависи од тоа како ќе се развива ситуацијата со пандемијата. Можеби ќе можеме да продолжиме и порано, но овој датум ние е основен. Најдоцна тогаш би требало да продолжиме“, изјавил Тебас за „Марка“.
На прашањето дали натпреварите ќе се играат без присуство на публика, тој одговорил: „Тоа ќе зависи од здравствените власти во секоја држава“.
Тебас рекол дека откажувањето на Европското првенство е клучно сезоните во националните шампиoнати да можат да бидат завршени.
Во Шпанија првенството застана минатата недела, на 11 кола до крајот Барселона води со 58 поени, два повеќе од Реал.