Top Sport

Ла Лига нема да се игра в понеделник

Првиот човек на шпанскиот фудбал Луис Рубиалес рекол дека од наредната сезона нема да се играат натпревари в понеделник.

Навивачите, особено оние на помалите тимови, неколку пати јавно го искажуваа своето незадоволство од овој термин. Атлетик Билабо оваа сезона дури осум пат играле во овој термин.

Минатиот понеделник фановите на Алавес, протестираа облечени како гробари, а на стадионот влегоа со мртовечки сандак.

Во понеделник, натпревари во Шпанија се играат од 2010 година, а последните неколку сезони гледаноста на Тв-преноси во овој термин е значително намалена.

Scroll to Top