Сега е официјално – Шпанскиот спортски совет (ЦСД) потврди дека Ла лига ќе се рестартира на 11 јуни и тоа со големото дерби на Севилја помеѓу Севилја и Реал Бетис на „Рамон Санчез-Писхуан“, како што претходно се шпекулираше.
Ова доаѓа по преговорите на ЦСД со Ла лига и со Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) околу доигрувањето на 11-те кола до крајот на сезоната 2019/20.
Како што беше планирано, фудбалскиот маратон започнува на 11 јуни во четврток, а лигата ќе се комплетира на 19 јули со предвидени натпревари секој ден.
Секако, мечевите ќе се играат без навивачи, а не очекува лута битка за титулата меѓу Барселона и Реал Мадрид – Каталонците имаат само два поени предност пред мадриѓани.