Кристијано Роналдо се пресели во Јувентус со цел на овој клуб да му ја донесе титулата во Лигата на шампионите. На ова поле трансферот е неуспешен бидејќи Јувентус, во вторникот, го заврши својот настап во елитното натпреварување, со поразот од Ајакс.
Роналдо во двата натпревари со Ајакс постигна по еден гол, во нокаут фазата Португалецот ги постигна сите пет гола за „старата дама“, но во пресметките со Ајакс неговите соиграчи не беа на потребното ниво.
Италијанските новинари тврдат дека Роналдо по поразот во вторникот не можел уста да отвори.
Следната сезона тој и клубот ќе имаат уште една шанса, а како што тврди „Ла Република“ сезоната 2019/2020 може да биде и последна за Португалецот во дресот на Јувентус, иако неговиот договор важи до 2022 година.
Роналдо има годишна плата од 30 милиони евра, а доколку и наредната сезона трофејот од Лигата на шампионите не дојде во Торино, тогаш неговата плата ќе претставува голем товар за клубот.
Елиминацијата од Ајкас се почувствува и на финансиски план, акциите на Јувентус на берзата во Милано вера паднале за речиси 21 отсто.