Римски Лацио е на првата позиција на табелата во италијанската Серија А откако попладнево со 2-0 славеше домашен триумф против екипата на Болоња. Римските „небесносини“ на врвот на табелата ќе бидат најмалку до идниот викенд затоа што поради опасност од ширење на коронавирусот, одложено е утрешното големот дерби на Италија меѓу Јувентус и Интер, директните конкуренти на Лацио за титулата.
Инаку, пулените на Симоне Инзаги многу рано го отворија со гол денешниот дуел. Луис Алберто во 18. минута од мечот погоди за 1-0.
Кореа беше стрелец на вториот гол за домашната екипа, и тоа само 3 минути подоцна, во 21 минута.
Во вториот дел екипата предводена од Синиша Михајловиќ имаше свои шанси, но не успеа да ги искористи.
Во 53 минута Болоња постигнува гол, стрелец Денсвил, но по ВАР консултација, судијата го поништува голот поради играње со рака.
Во слична ситуацијата играчите на Болоња се најдоа и во 68 минута. Тогаш Томијаси прецизно стрелаше во мрежата на Стракоша, но поради офсајд голот повторно беше поништен.
До крајот на мечот, резултатот остана непроменет.