Дилеми повеќе нема, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе остане во Лацио. Првиот човек на клубот, Клаудио Лотито, ја одбил понудата од Интер за српскиот репрезентативец.
СМС е желба на Интер уште од минатата сезона, а во финишот на актуелниот преоден рок тие испратиле добра понуда.
Понудата била Гаљардини и 65 милиони евра плус двајца млади играчи. Лотито ја одбил понудата бидејќи немал време да најде адекватна замена за Милинковиќ-Савиќ.
Инаку, пред неколку дена Лацио најавија дека на српскиот репрезентативец ќе му понудат нов договор и зголемување на платата. Наскоро тој ќе го парафира договорот до јуни 2024 година, а ќе заработува четири милиони евра на годишно ниво.