Лацио стигна до 3:2 победа во супер-интересното дерби на италијанската престолнина над Рома, во интересен дуел на Маурицио Сари и Жозе Мурињо, во кое првата рунда му припадна на италијанскиот стручњак.
Лацио имаше фантастично отварање на мечот – прво Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 10. минута со глава го матираше Руи Патрисио, за во 19. минута, Педро, кој летово пристигна во Лацио токму од Рома, да зголеми на 2:0.
Сепак, Рома не се предаде и до крајот на полувремето намали на 2:1 преку Ибањез во 41. минута од мечот. Фелипе Андерсен во 63. минута ја врати предноста од два гола на Лацио, пред Жордан Верету од пенал само шест минути подоцна да дојдат на 3:2. По ова следуваа повеќе шанси на гол на двете страни, но на крајот, Лацио ја впиша својата прва победа по три меча во Серија А.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк