Лацио е првиот тим што успеа да го победи Наполи оваа сезона во Серија А во Неапол. Тимот на Маурицио Сари славеше на стадионот „Диего Армандо Марадона“ со 0:1, а стрелец на победничкиот гол беше Матијас Весино.
Тој во 67.минута постигна убавец и ја затресе мрежата на „наполитанците“.
Елиф Елмас влезе во игра во 71.минута на местото на Ангиса, но Наполи не успеа да избегне пораз.