Top Sport

Армани го шокира Олимпијакос, а Басконија одигра во НБА стил

Екипата на Армани го изненади првопласираниот тим на табелата во Евролигата, Олимпијакос, и победи во Милано со резултат 83:62.

Армани врза четири победи во Евролигата, а оваа над грчкиот тим веројатно е најголема. Италијанците поведоа по првите десет минути со 20:17, а предноста од три поени ја задржаа на полувремето.

Во продолжение избраниците на Еторе Месина дефинитивно решија да направат изненадување и ја зголемија предноста во третиот период. Направија серија од 12:0 и водеа со 13 разлика. Во четвртата четвртина, водството се зголеми на 20 поени разлика по тројката веднаш на стартот.

Најдобар во победничкиот тим беше Берон со 18 поени, Мели постигна 10.

Везенков и Волкап постигнаа по 10 за Олимпијакос.

Во Виторија, Басконија апсолутно ја демолираше Валенсија во шпанското дерби со резултат 114:75.

Во победата на неговиот тим, Холмс постигна 24 поени, Томпсон 16 со 11 асистенции, а Костело 15 поени.

Кај Валенсија се истакна Харпер со 15 поени, а Лопез постигна 13.

Реал Мадрид славеше на гости против Асвел со 71:75, а Фенербахче беше убедлив дома против Виртус со 104:72.

Scroll to Top