Top Sport

Лацио го прегази СПАЛ за да го помине Интер, само „нула“ за Милан против Верона (видео)

Лацио, барем привремено, се искачи на второто место во италијанската Серија А, откако стигна до доминантна 5:1 победа над СПАЛ, Милан не успеа да ја победи Верона и покрај тоа што гостите играа со 10 играчи последните 20 минути, додека Џенова на Горан Пандев стигна до храбро 2:2 реми кај силната Аталанта.

Чиро Имобиле даде два гола, а Лацио дури четири во првите 38 минути игра на „Олимпико“, за на крајот да се стигне до 5:1 победа, со која се на второто место на табелата со 49 поени, еден повеќе од Интер, кој вечер игра со Удинезе. Јувентус се први со 54 поени.

Милан пак, прими гол уште во 13-тата минута преку Фараони за шок на „Сан Сиро“, но Хакан Чалханоглу повторно ги спасуваше „росонерите“ во 39. минута од мечот. Софјан Армабат во 68. минута доби црвен картон, но „росонерите“ не успеаја да го скршат отпорот.

Џенова втор натпревар едноподруго освојува поен по низата од три порази, откако на гостувањето кај Бергамо одигра 2:2 со Аталанта. Четирите гола паднаа во првото полувреме, додека Горан Пандев не доби шанса да заигра.

СЕРИЈА А, 22.КОЛО

Милан – Верона 1:1

Аталанта – Џенова 2:2

Лацио – СПАЛ 5:1

Scroll to Top