Top Sport

Лацио ја победи Аталанта во Бергамо

Аталанта во 11.коло го доживеа првиот сезонски пораз во Серија А. На домашен терен, фудбалерите на Аталанта беа поразени од Лацио со 0:2. Со оваа победа Лацио ја скокна Аталанта на таблата. Двата тима имаат по 24 бода, два помалку од Милан и Наполи, кој има натпревар помалку.

Аталанта кога не требаше го одигра најлошиот натпревар од почетокот на сезоната. Играчите на Лацио беа апослутно подобри во сите сегменти на играта. Дополнителна сигурност екипата на Маурицио Сари доби со голот постигнат во раната фаза на натпреварот.

Закањи во 10. минута ја искористи асистенцијата на Педро и го совлада Спортиело. Точка на натпреварот стави Фелипе Андерсон во 52. минута.

Домашниот тим мечот го заврши со играч помалку. Во финишот на натпреварот поради два жолти картони беше исклучен Луис Муриел.

Интересен е податокот дека играчите на Аталанта во текот на целиот натпревар не упатија ниту еден удар во рамките на противничкиот гол.

Scroll to Top