Top Sport

Лацио ја прекина лошата серија со тешка победа кај Сасуоло

Лацио по четири меча без победа, конечно, впиша три поени, откако успеа да стигне до тешка 0:2 победа на гости кај Сасуоло.

Тимот на Маурицио Сари ја рестартираше сезоната по СП со пораз од Лече, за потоа минатото коло да пропуштат 2:0 водство против Емполи за 2:2 реми, по што самиот тренер изјави дека најголем проблем е менталитетот на тимот.

Овојпат, тие стигнаа до борбена победа, осигурана со пеналот на Матија Ѕакањи во финишот на првото полувреме, пред Фелипе Андерсон во 95. минута да го комплетира триумфот. ацио остануваат петти на табелата со 34 поени, три помалку од Јувентус и Интер на третото и четвртото место. Сасуоло има лоша серија од четири порази едноподруго и сега се 16. со 16 освоени поени.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top