Top Sport

Лутите навивачи на Евертон се свртеа и против своите играчи

Лутите навивачи на Евертон се свртеа против своите фудбалери, откако на социјалните мрежи се појавија видеа во кои Ентони Гордон и Јери Мина беа бркани од нив на улиците на Ливерпул по 1:2 поразот од Саутемптон по кој „карамелите“ се на претпоследното место на табелата во Премиерлигата. Поразот боли уште повеќе бидејќи Саутемптон беа последни на табелата и сега се израмнети со бројот на поени со нивниот клуб.

Тие го начекаа Гордон во својот автомобил и покрај навредите му порачуваа да си замине од клубот. Друго видео го покажува Гордон како се обидува споро да вози, додека полицијата се обидува да воспостави контрола.

Покрај Гордон, тие го начекаа и Колумбиецот Мина, од кого луто бараа да „биде лидер“ и да „покаже срце“. Мина, кој има подобри односи со навивачите од Гордон, им вети дека „ќе го даде животот за клубот“.

@markyt83 Anthony Gordon confronted today after Southampton game 🙈🤦🏻‍♂️ #tiktok #everton #evertonfc #fans #emotional #premierleague #anthonygordon #gordon ♬ original sound – MarkyT83

Scroll to Top