Top Sport

Лацио ја прескокна и Парма, па го „замрси“ врвот на табелата во Серија А (видео)

Возбудлив, динамичен и крајно неизвесен меч одиграа Парма и Лацио вечерва, по кој се радуваа гостите од Рим.

„Небесно-сините“ на тренерот Инзаги славеа со 1-0 на „Енио Тардини“ и со новите 3 бода барем неколку часа ќе бидат на втората позиција на табелата во Серија А, со бод зад Јувентус и на два бода пред милански Интер кој има можност да се врати на втората позиција, доколку слави во дербито со Милан.

Голот за победа кај Лацио беше дело на Фелипе Касеидо во 41 минута. Каиседо беше најприсебен во една мешаница во шеснаесетникот на Парма и успеа да го совлада голманот Коломби.

Нашинецот Дејан Кулушевски во 93 минута имаше шанса да избори реми за Парма, но неговиот удар заврши неколку сантиметри над гредата.

Scroll to Top