Top Sport

Баерн и Лајпциг поделија по бод при возбудливи 0:0 (видео)

Баерн останува на чело на Бундеслигата, а веднаш зад него е екипата на Лајпциг со бод помалку. Ова доаѓа откако попладнево на „Алијанц арената“ во Минхен двата тима одиграа 0:0 во дербито на 21. коло во германската Бундеслига.

Баварците во првиот дел доминираа, но без посериозни шанса да го отворат резултатот, ако не се земе предвид обидот на Левандовски во 39 минута.

Во второто полувреме гостите создадоа две убави шанси пред голот на Нојер, но Тимо Вернер не успеа да ја смести топката во мрежата.

Баерн доби и пенал во 53. минута, но ВАР го поништи затоа што Левандовски бил во недозволена позиција.

Вреден за одбележување е и зицерот за победа во 80 минута што не успеа да го реализира Леон Горецка.

Ова се најинтересните моменти на мечот во Минхен:

Scroll to Top