Клубот од Видо на свој терен губеше по првото полувреме од Севилја со 0-1, но на крај Селта се радува на триумф од 2-1, со гол постигнат во 91 минута.

Селта победи по 8 кола, доволно „сините“ од Виго да скокнат над линијата на клубови кои наредната сезона ќе се натпреваруваат во втора лига. Селта со вечерашната хит-победа над фаворитот Севилја направи скок од неколку места на табелата.

Севилја со голот на Ел Незири во 23 минута дојде до предност која ја држеше се до десетина минути пред крајот на мечот.

Сепак, Селта има искусен напаѓач како што е Јаго Аспас, кој е симбол на клубот. Тој постигна гол за изедначување на резултатот во 78 минута и практично го најави пресвртот. А до него се дојде со голот на Систо во 91 минута.

Последен пат Селта на победа се радуваше на 24 ноември.