Top Sport

Лацио: Мечот со Фиорентина покажа дека судиите се против нас

Портпаролот на Лацио, Артуро Диаконале вели дека трилер-мечот со Фиорентина во средата покажува дека судиите во Серија А имаат „лоши намери и предрасуди“ кон римскиот клуб.

Ова не е првпат „бјанкочелестите“ да се жалат за судиите оваа сезона, но победата од 4:3 во Фиренца не ги смири страстите.

„Заслужената победа на Лацио во Фиренца не може да го скрие скандалот на кој присуствувавме на стадионот ‘Артемио Франки’. Судските инциденти кои постојано беа насочени против Лацио, не беа намалени ниту со користењето на ВАР. Ова потврдува дека има лоша намера и предрасуди кон нашиот клуб кај италијанските судии. Тие постојано се против нас“, вели Диаконале.

Мечот во Фиренца беше еден од најнеизвесните и најлудите во Серија А оваа сезона – двата тима добија по еден црвен картон до 15-тата минута, Лацио прво доби пенал, а потоа тој беше одземен по прегледувањето на ВАР-снимките, за во последните 20 минути да се вратат со два гола за 4:3 победа. Покрај тоа црвен картон доби и тренерот на „бјанкочелестите“, Симоне Инзаги.

Претходно, за „грабежот“ против Торино оваа сезона, од Лацио дури најавија дека се подготвени да излезат од лигата ако ситуацијата не се смени.

Фото: ЕПА

Луда среда во Серија А – „класика“ во Фиренца, ножички за Кротоне, асистенција за Пандев (видео)

Лацио се заканува со излегување од Серија А (видео)

Scroll to Top