Лацио се уште не добил никаква понуда за српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС). Сепак, како што изјавил спортскиот директор Игли Таре, очекувањата се дека тоа наскоро ќе се случи, бидејќи за услугите на овој фудбалер интерес покажувале ПСЖ, Манчестер јунајтед и Јувентус.
Милинковиќ-Савиќ, може во летниот преоден рок да го напушти Рим, но само во случај Лацио да добие понуда која нема да може да ја одбие.
„Не успеавме да се пласираме во Лигата на шампионите, но тоа нема да ги смени работите, мораме да продолжиме да напредуваме. Мораме да му подготвиме вистински услови за работа на тренерот Инзаги. Приказната околу Сергеј не е од вчера, таа е од пред две години. Зборувамеза фудбалер што го заслужил сето ова што сега му се случува“, рекол Таре.
Српскиот репрезентативец, сезонава, постигна 14 гола во сите натпреварувања.
„До овој момент не сме добиле никаква понуда, кога ќе стигне ќе размислуваме на таа тема“, изјавил спортскиот директор на Лацио за „Скај Италија“.
Таре потенцирал дека цената на СМС е најмалку 90 милиони евра, односно дека во клубот ќе бидат разгледувами понудите што ќе одат преку оваа сума.