Неделната фудбалска програма во италијанската Серија А ја отворија Лацио и СПАЛ, а домаќините немилосрдно ги испратија гостите со 4 гола во мрежата, конечниот резултат гласеше 4:1.
Резултатот во 26. минута го отвори Чиро Имобиле со волеј-удар, а две минути подоцна Мирко Антенучи израмни на 1-1. Имобиле по двојното проигрување со Каиседо го матираше гостинскиот голман, па на полувремето се отиде со претност од 2:1.
Данило Каталди во 59. минута од мечот испрати„бомба“ од 18 метри и зголеми на 3-1. Во 70. минута Марко Пароло погоди за конечни 4-1.