Top Sport

Лацио „пукна петарда“ во Верона, Рома со сомнителен пенал ја реши Фиорентина

Римските екипи, Лацио и Рома забележаа триумфи во 36-тото коло од Серија А.

Лацио како гостин во „градот на љубовта“ славеше убаедлив триумф со 5-1 против Верона.

Од шесте гола на мечот, дури 3 беа постигнати од белата точка (2 за Лацио).

Амрабат (од пенал) ги донесе домашните во водство во 38 минута, а длабоко во надополнувањето од првиот дел, Имобиле (исто од пенал) израмни на 1-1.

Во вториот дел потполна доминација на „небесносините“. Најпрво Милинковиќ Савиќ од слободен удар од 25 метри носи водство од 1-2, а 6 минути подоцна асистира до Кореа за 1-3.

Во 83 минута Имобиле со втор гол, овојпат од игра за 1-4, а во 94 минута повторно капитенот, и пак од пенал за конечни 1-5.

Два пенали имаше и во Рим, на „Олимпико“. Рома славеше против Фиорентина со 2-1, а двата гола од белата точка ги постигна поранешниот играч на „виолетовите“, Верету. Посебно сомнителен е вториот пенал, за 2-1 во 87 минута.

На останатите два меча во истиот термин, Удинезе на Илија Несторовски (влезе од клупата за резерви во 68 минута) славеше триумф кај Калјари со 1-0, додека „фенерџијата“ СПАЛ му зема бод на Торино, 1-1.

По ова коло, Рома направи предност од 4 бода на петтата позиција, пред шестопласираниот Милан, а Лацио на четвртата позиција се израмни по бројот на бодови со третопласираната Аталанта.

Scroll to Top