Top Sport

Лацио се засилува со двајца Косовци

Лацио планираат да донесат двајца фудбалери од Косово во летниот преоден рок, напаѓачот на Фенербахче Ведат Муриќи и дефанзивецот на Стандард Лиеж, Мергим Војвода, тврди „Ла газета дело спорт“.

Според спортскиот весник, Лацио подолго време го следат Муриќи и сметаат дека тој е совршена замена за Луис Суарез од Реал Сарагоса.

„Се наоѓам во најголемиот клуб во Турција, имам уште три години од договорот и сега не сакам да зборувам за пазарот. Јас сум среќен тука, но на крајот клубот одлучува што ќе се случи“, изјави Муриќи.

26-годишниот Муриќи пристигна во Фенербахче минатото лето и постигна 13 гола во 25 натпревари пред паузирањето на турската Суперлига. Лацио би можеле да го добијат за 20 милиони евра.

Во исто време, спортскиот директор Игли Таре има опција да го донесе Војвода во тимот, доколку Адам Марушиќ замине во Пари Сен-Жермен. 25-годишниот Војвода има четири асистенции во 30 меча за Стандард оваа сезона и вреди околу 7 милиони евра.

Scroll to Top