Top Sport

ПСЖ го купиле Икарди за 57 милиони евра

Пари Сен-Жермен, конечно, донеле одлука и го направиле трансферот на аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди постојан за 57 милиони евра, тврди италијанскиот извор „Скај спорт Италија“.

Според Џанлука ди Марцио и Фабрицио Романо, двајца новинари кои се добро запознаени со ситуацијата во Интер, тврдат дека ПСЖ ќе плати 50 милиони евра плус 7 милиони евра во бонуси кои лесно ќе се достигнат. Францускиот клуб имаше опција да го купи Икарди директно за 70 милиони евра, но Интер се согласиле за „попуст“ поради кризата со корона вирусот.

Договорот треба да се потврди наскоро и ќе биде прва зделка на двата клуба за следната сезона . 26-годишниот поранешен капитен на „нераѕурите“ беше пратен на позајмица во ПСЖ минатото лето откако прво долго траеше конфликтот со претходниот тренер Лучано Спалети, а потоа ниту Антонио Конте не го сакаше во тимот.

На „Паркот на принцовите“, Икардо се снајде одлично, постигнувајќи 20 гола во 31 настап пред сезоната во францускиот шампионат да биде прекинат, а ПСЖ да биде прогласен за шампион. Богатиот клуб, сепак, би требало да игра до крајот на сезоната, бидејќи се пласираа во четврт-финалето на ЛШ со елиминацијата на Борусија Дортмунд.

Scroll to Top