Top Sport

Хеј: Тајсон ризикува сериозна повреда против млад боксер

Мајк Тајсон дефинитивно треба да се врати во рингот со некој свој врсник и да не шпекулира со можен меч со Тајсон Фјури, вели поранешниот двократен светски шампион Дејвид Хеј, кој предупредува дека 53-годишниот Американец ризикува сериозна повреда ако влезе во рингот со помлад боксер.

Враќањето на Тајсон подолго време ги забавува боксерските фанови, кои беа изненадени од неговата физичка трансформација по најавата за враќање во неколку егзибициски мечеви, а листата на потенцијални противници секој ден станува пдолго. Ивандер Холифилд, Шенон Бригс, Луиз Ортиз, Вандерлеи Силва, Тито Ортиз, но и ВБЦ шампионот Тајсон Фјури изјавија дека би биле подготвени да се борат со легендата.

Хеј вели дека не е проблем што Тајсон се враќа меѓу јажињата, но дека мора да избере противник по мерка.

„Тој треба да си најде противник со слична возраст. Не е проблем да боксува со Холифилд, Ридик Боув, Херби Хајд… Но, немој да се обидува да оди во 12 рунди од по три минути. Се работи за истите боксери, но годините се тука и тие не се брзи ниту експлозивни. Не ми се допаѓа идејата помлад боксер да влезе во ринг со некој кој е далеку од својата најдобра форма. Има многу начини да бидеш повреден. Како би изгледало некој како Ентони Џошуа или Тајсон Фјури да боксува со некој во своите 50-ти години? Страшно, нели? Парите се тука, но и можноста да добиеш сериозна повреда. Најдобриот Мајк Тајсон би можел против сите, но тој е 30 години од денеска“, вели 39-годишниот Хеј, кој се повлече од боксот по двата порази од Тони Белју во 2018 година.

Scroll to Top