Top Sport

Лацио со победа кај Парма, Бакајоко погоди во 90-та минута за Наполи

Лацио му го нанесе петтиот пораз во низа на Парма, расипувајќи го камбекот на Роберто Д’Аверса на клупата на „Дукали“, стигнувајќи до 2:0 победа на „Енио Тардини“, додека Наполи со деби-голот на Тимуе Бакајоко во 90-тата минута стигна до тешка 2:1 победа на гости кај Удинезе.

Луиз Алберто, конечно, го скрши отпорот на домаќините во 55. минута, пред Фелипе Каиседо во 67. минута да го удвои водството по убава акција на „орлите“, кои сега се осмото место на табелата. Парма е претпоследна со пет порази во низа и 12 поени, два помалку од зоната за испаѓање.

Наполи, пак, успеа со 2:1 да слави кај Удинезе, откако прво стигна до рано водство во 15. минута со гол од пенал на Лоренцо Инсиње, пред Кевин Лазања да израмни во 27. минута. Поранешниот фудбалер на Челси и Милан, Бакајоко беше џокер за тимот на Џенаро Гатузо за да се избегне втор пораз во низа и Наполи да се искачи на седмото место на табелата.

СЕРИЈА А, 17.КОЛО

Парма – Лацио 0:2

Удинезе – Наполи 1:2

Верона – Кротоне 2:1

Scroll to Top