Портпаролот на Лацио, Артуро Дјаканоле влезе во остар напад на претседателот на Бреша Масимо Челино, кој вчера луто реагираше обвинувајќи го римскиот клуб дека мисли само на титулата и ги става своите фудбалери во опасност со враќањето на тренинзи.
Лацио, сепак, ги откажа тренинзите закажани за денес поради корона вирусот, и Дјаканоле вели дека Челино е лицемерен со обвинувањата, бидејќи неговата Бреша е убедливо последна во Серија А и дефинитивно им се заканува враќање во второлигашкото друштво ако сезоната во Италија продолжи.
„Остро ме напаѓаат другите фанови бидејќи секогаш го бранам Лацио, но тоа е апсолутно легитимно за некој кој го сака својот тим. Да се биде фан не значи да се загуби разумот, туку да се заврши сезоната без ризик за катастрофи. Логично е секој да си ги гледа своите интереси. Сите нека се грижат за себе и да сносат одговорност за тоа што го кажуваат. Во вакви времиња е подобро да се избегнуваат изјави кои предизвикуваат контроверзи и треба да се зачува интегритетот на шампионатот“, изјави Дјаканоле.
Челино: Дајте им ја титулата на Лацио, како да зборуваме за фудбал, ова е чума!