Top Sport

Лацио „удри“ по Бреша и Челино: И тие си ги гледаат своите интереси

Портпаролот на Лацио, Артуро Дјаканоле влезе во остар напад на претседателот на Бреша Масимо Челино, кој вчера луто реагираше обвинувајќи го римскиот клуб дека мисли само на титулата и ги става своите фудбалери во опасност со враќањето на тренинзи.

Лацио, сепак, ги откажа тренинзите закажани за денес поради корона вирусот, и Дјаканоле вели дека Челино е лицемерен со обвинувањата, бидејќи неговата Бреша е убедливо последна во Серија  А и дефинитивно им се заканува враќање во второлигашкото друштво ако сезоната во Италија продолжи.

„Остро ме напаѓаат другите фанови бидејќи секогаш го бранам Лацио, но тоа е апсолутно легитимно за некој кој го сака својот тим. Да се биде фан не значи да се загуби разумот, туку да се заврши сезоната без ризик за катастрофи. Логично е секој да си ги гледа своите интереси. Сите нека се грижат за себе и да сносат одговорност за тоа што го кажуваат. Во вакви времиња е подобро да се избегнуваат изјави кои предизвикуваат контроверзи и треба да се зачува интегритетот на шампионатот“, изјави Дјаканоле.

Челино: Дајте им ја титулата на Лацио, како да зборуваме за фудбал, ова е чума!

Scroll to Top