Top Sport

Лацио во „војна“ со министерот за здравство, кој призна дека е навивач на Рома

Портпаролот на Лацио, Артуро Дјаканоле му порача на италијанскиот министер за здравје, Џовани Реца да се фокусира на наоѓање на лек за КОВИД-19, откако тој призна дека е навивач на Рома, а побара и сезоната од Серија А да не се доигра.

Лацио се најупорни во барањата сезоната во Серија А да продолжи што е можно побргу, што не е за чудење, бидејќи клубот е на еден поен од лидерот Јувентус со големи надежи дека оваа разлика може да се надополни. Министерот Реца изјави дека ќе советува сезоната да не продолжи, но Дјаканоле порача дека тоа е делумно бидејќи навива за лутите ривали од Рома.

„Понекогаш, тоа што си навивач може да влијае и на научниците и да им влезе во глава. Тие се експерти кои повеќе би требало да се грижат за справување со вирусот отколку со вакви работи. Научниците треба да се научници, а не навивачи. Наместо да крева контроверзи кои не се потребни, нека работи на вакцина за да се спречи болеста“, вели Дјаканоле.

Scroll to Top