Top Sport

Нејмар: Смртта на Коби ме потресе, загубивме голем спортист и човек

Нејмар во последното интервју за магазинот „Воуг“ открива дека последните две години поминувал низ „пекол“ поради низата повреди, а уште потешко му паднала трагичната смрт на НБА ѕвездата и негов пријател, Коби Брајант.

Брајант загина во хеликоптерска несреќа заедно со ќерката Џана и уште седум патници на 26 јануари, и Нејмар беше еден од првите кои му посвети гол на фудбалскиот терен.

„Неговата смрт влијаеше многу на мене, бидејќи секогаш сметав дека нашите животи се многу слични. Се сретнав со Коби кога доаѓаше во Париз и кога ќе ја запознаеш личноста зад јавното лице, влегуваш во поинаква врска. Коби беше многу посебен човек. Спортот и општеството загубија голем човек“, вели Нејмар.

28-годишниот Бразилец беше мета на критики на навивачите на Пари Сен-Жермен по летната желба да се врати во својот стар клуб Барселона, а покрај тоа тој беше ограничен на само 15 натпревари во Лига 1 оваа сезона по низата повреди. Лани тој одигра само 16 меча и признава дека повредите тешко му паднале.

„За еден професионален спортист не постои нешто полошо од повреда. Навистина страдав последниве две сезони и во многу моменти тоа влијаеше ментално на мене. Половина од успехот на секој спортист доаѓа од менталната сила. Ако умот е добар, тогаш играта е полесна“, додава Нејмар.

Нејмар даде два гола и му ги посвети на Коби (видео)

Scroll to Top