Top Sport

Револуционерна промена, автоматски офсајд

Арсен Венгер, најави револуционерна промена во одредувањето на офсајд позициите. Челникот на телото на ФИФА, за развој на фудбалот, рекол дека ќе биде воведен систем, кој на помошниците веднаш ќе им сигнализира дали фудбалерот е во офсајд.

„Мислам дека правилото за автоматски офсајд ќе биде подготвен за Светското првенство во 2022 година. Ова значи дека помошниот судија, ќе добива со црвено светло ќе добива сигнал преку неговиот часовник“, рекол Венгер.

Треба да се истакне дека новата одлука нема да ги носи одлкуките, туку само ќе им испраќа сигнали за позицијата на фудбалерот. На сличен начин работи гол-технологијата. Конечната одлука дали ќе биде означена недозволена позиција ќе ја носи помошниот судија.

Scroll to Top