Top Sport

Лајпциг падна Бохум, Волфсбург го испрати Штутгарт на последното место

Фудбалерите на Бохум направија голем чекор кон опстанкот во Бундеслигата откако го совладаа Лајпциг со 1:0 во 25. коло.

Решавачкиот гол го постигна српскиот репрезентативец Ерхам Машовиќ во 48. минута.

Лајпциг имаше неколку одлични шанси на крајот од натпреварот, блескаше голманот Мануел Риман, а Андре Силва дури ја погоди стативата во третата минута од судиското надополнување.

По вториот последователен триумф, домашната екипа е 14. на табелата со 25 бодови, четири помалку од Херта која е во зоната за испаѓање, додека Лајпциг со 45 бодови се израмни на третото место со Унион Берлин и Фрајбург, овие два тим имаат натпревар помалку.

Хофенхајм на домашен терен ја победи Херта со 3:1, Волфсбург со 1:0 победи во Штутгарт и го закова домаќинот на последното место, додека Аугсбург и Шалке ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Scroll to Top