Top Sport

Лидерот го победи Работнички, Македонија славеше кај Тиквеш, Шкупи освои бод во Струмица, Силекс ја декласира Победа

Апсолутна доминација на гостинските екипи, на денешните натпревари одиграни во фудбалскиот шампионат на Македонија. Совршениот скор на гостите им го расипа Шкупи со ремито 1:1 кај Академија Пандев.

Лидерот на табелата Струга со минимална победа ги однесе бодовите од Скопје. Стружани го победија Работнички со голот на Малески во 28 минута.

Шкупи против Академија Пандев имаше играч помалку од 27.минута. Поради груб старт беше исклучен Адем. Сепак четири минути подцна гостите постигнаа гол преку Маргвелашвили. Бод на „Пандевци“ им донесе Велоновски во 79.минута.

Силекс ја декласира Победа во Прилеп со 5:1, а Македонија ЃП со голот на Фазли во 68.минута го победи Тиквеш.

Резултати:

Академија Пандев-Шкупи 1:1
Победа-Силекс 1:5
Работнички-Струга 0:1
Тиквеш-Македонија ЃП 0:1

Табела:

Scroll to Top