Германски „Кикер“ пишува дека тренинг кампот на бундеслигашот Лајпциг почна со работа, но во специјални услови.
Информациите се дека тренинзите се спроведуваат во мали групи, без физички контакт меѓу играчите, а клубот обебедил посебни соблекувални за секој фудбалер.
Додека дел од италијанските клубови го најавуваат враќањето на тренинзите (прв што ќе започне со тренинзи е Наполи), „биковите“ од Лајпциг не губат време, а челниците на клубот од Саксонија ништо не сакаат да препуштат на случајноста.
Поради пандемијата на коронавирусот, Бундеслигата е во прекин од 13 март.