Top Sport

Лајпциг потврдиле дека Вернер заминува

Ред Бул Лајпциг потврдиле дека ова лето напаѓачот Тимо Вернер ќе замине од клубот. Германскиот репрезентативец кариерата че ја продолжи во Баерн Минхен.

Вернер (23) одбил да го продолжи договорот со Лајпциг, поради што во клубот решиле да го продадат во летниот преоден рок.

„Немавме избор, сакавме да му го продолжиме договорот, не успеавме во тоа. Не сакаме да чекаме да ми истече договорот. Сакаме да заработиме што е можно повеќе пари од трансферот“, рекол генералниот директор на Лајпциг, Оливер Минтзлаф.

Германските медиуми пишуваат дека Вернер, одбил трансфер во Ливерпул и се договорил со Баеррн Минехн. Вредноста на трансферот ќе изнесува 40 милиони евра.

Scroll to Top