Лајпциг одигра само 1:1 дома со Баер Леверкузен за да дозволи Баерн Минхен да се одвои на три поени на врвот на Бундеслигата, додека претходно мечот помеѓу Унион Берлин и Волфбург (кој заврши 2:2), беше прекинат поради нов навредлив банер кон газдата на Хофенхајм, Дитмар Хоп.
На „Ред бул арената“ во Лајпциг, Леверкузен први дојдоа во водство во 29. минута преку Леон Бејли, пред само три минути подоцна, Патрик Шик да израмни на 1:1. Лајпциг имаа повеќе од играта, Тимо Вернер ја погоди пречката, но на крајот резултатот остана ист.
Претходно, на мечот Унион-Волфсбург имаше нов скандал кој го одбележува викендот во Бундеслигата, откако навивачите на Унион излегоа со банери против милијардерот Хоп, слично како навивачите на Баерн при 6:0 победата на гости кај Хофенхајм, по што следуваше нов прекин на мечот.
It’s happening again in the Bundesliga…
Union Berlin and Wolfsburg walked off the pitch after Union Berlin ultras unveiled offensive banners in protest against the German FA and Dietmar Hopp.
?- @btsportfootball pic.twitter.com/tMGhZRWedE
— Footy Accumulators (@FootyAccums) March 1, 2020